Ќерката на Претседателот на САД во заминување, Доналд Трамп, Иванка Трамп планира да дојде на инаугурацијата на Џо Бајден и се претпоставува дека тоа го прави за да ја спаси својата политичка кариера, пренесуваат светските медиуми.

За потсетување, Трамп неодамна објави дека нема да се појави на инаугурацијата на новиот претседател Бајден, што треба да се одржи на 20 јануари, а според порталот „Дејли меил“ тој протестирал против одлуката на неговата ќерка.

– Тој вели дека е навреда што таа сака да има контакт со измамници кои се обидуваат да го симнат од власт – изјавил упатен човек кој наводно бил информиран за настаните во Белата куќа и додава дека Трамп е експлицитен во фактот дека семејството мора да биде обединето.

„Претседателот на САД  ѝ рекол на Иванка дека присуството на инаугурацијата „ќе го чини над илјадници гласови и истакнал дека тоа ќе биде најлошата грешка што некогаш би можела да ја направи“, тврди инсајдерот.

Според светските медиуми, Иванка Трамп е убедена дека со одење на церемонијата на прогласување на новиот претседател Бајден, таа ќе даде имиџ на некој „кој ќе го издржи поразот добро и ќе добие идни симпатизери“, тврди изворот на тој портал.

– Таа рече дека сака да ги заштити сопствените политички аспирации и не сака да го уништи сето тоа со присуство на настанот на кој треба да започне претседателската кампања на Трамп за изборите во 2024 година. Тоа ќе им го препушти на нејзиниот татко и брат Доналд Трамп помладиот – наведува изворот.

Неименуван соговорник додава дека таа сака да присуствува на инаугурацијата затоа што „сака да биде гласот на нејзиниот татко и тоа им го должат на луѓето“.

Од друга страна, друг извор упатен од Белата куќа негираше дека Иванка имала намера да дојде на церемонијата на прогласување претседател на САД.

Слични содржини