На прв поглед, францускиот предлог е лош, не толку за нас, колку за ЕУ. Ние сме преседан во многу нешта. Добро е што предлогот не третира, но јас гледам нешто друго, што малку се анализира и од аналитичари, новинари, академици, дипломати. Можеби кога Европа гледа дека пет години не можеме да се договориме со Бугарија, да ја завртиме плочата. Можеби решиле да ја стават Македонија со Бугарија во една рамка и да ги стават на бриселската маса. Постои голем притисок од Вашингтон за туркање на овој дел од Европа, но и на Макрон му треба некаква победа. Ако сега не се реши, ќе се олабават тензиите. Некои наши дипломати преговараат, веројатно ќе се најде заеднички јазик, го коментира францускиот предлог новинарот Зоран Иванов.
Ќе биде интересно, вели Иванов, кога ќе се отворат прашањата од преговарачките поглавја со ЕУ во иднина.
-Негирањето на Македонците не е веќе наш проблем. Сега треба ЕУ да се изјасни. Проблем е Бугарија и Вархеји им ја фрли топката. Бугарскиот парламент ја поткрена рампата со гласањето за предлогот. Ги собраа сите раскарани партии таму. Има некоја сила, изгласаа со мнозинство гласови. Второ, јазикот влезе во ЕУ како службен, освен бугарската страна ќе си напишела дека не го признава…Нашиот јазик е признат во ОН, нацијата ни е призната, 25 земји го признаваат и ние со сите нив ќе комуницираме на македонски. Со Бугарите најверојатно на есперанто, рече Иванов во емисијата „Клик плус“.