Иванов: Бугарите во Северна Македонија нема да ги оставиме сами

од Nikola Popovski
258 прегледи

Лидерот на партијата „Демократска Бугарија“ Христо Иванов дал свој коментар во врска со последниот напад врз бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Иванов прецизирал дека евроинтеграциите на Македонија ќе минуваат преку почитувањето на правата на бугарското малцинство во земјава.

„Нема да ги оставиме Бугарите таму на своја рака“, нагласил Иванов.

„Разговорите со Продолжуваме со промените за извршната власт не се започнати и се далеку од какви било специфичности. Немаме разговарано за имиња“, изјавил Иванов на вонреден брифинг во бугарското Народно собрание околу состојбата на политичката сцена во Бугарија, каде се уште нема одбрано нова влада после последните вонредни парламентарни избори.

Слични содржини