Иванов: Добро би било Русија да има помал број на дипломати во земјава

од Nikola Popovski
311 прегледи

Тешко е да се одговори дали погрешен или правилен чекор. Малку сум изненаден што Русија прво има 19 дипломати во ваква мала земја како Македонија. Добро би било Русија да има помал број на дипломати во земјава. Единствено што сме членка на НАТО и има право да си ги штити интересите од безбедносен и воен аспект. Имаме разно разни планови, вели новинарот Зоран Иванов во емисијата „Само вистина“, говорејќи за најавата за протерување на пет руски дипломати, за што објави денеска МНР.

Според него, не мора секогаш во сѐ да ги следиме големите сили во нивната релација со Русија, по повод актуелните настани во Украина.

-Утре ќе се смират тие, а нас ни треба рускиот пазар за еден куп земјоделски производи. Не треба до крај да ги следиме. Немаме информации со што се занимавале дипломатите и зошто се протерани. Дали некакви планови зеле, еден ден ќе излезат мотивите. Ако е само слепо следење на големите, мислам дека Македонија треба да биде повнимателна, оценува Иванов, додавајќи дека во Украина не се случува директна војна меѓу Западот и Русија, ниту меѓу НАТО и Русија.

Слични содржини