Иванов ги одби – Нема помилувања на затвореници

од Vladimir Zorba
136 прегледи

Одлуката на Иванов предизвикала големо негодување во женскиот дел на затворот. Сто и пете осуденички од понеделник се подготвуваат на штрајк поради како што велат за Телма неправадата што ја направил Иванов, но и условите во кои живеат.

pismo_od_ivanov1-670x449

Тие со писмо пред една седмица го потсетија Иванов дека е претседател за сите еднакво но и го поканија да ги поседи да види каде и како живеат. Но иванов во дописот кој 24 часа седел кај управата на затворот па затвореничките го добија со два дена задоцнување.

-Сакам јасно да знаете дека зад мојата одлука никогаш нема да се сокријат оние што направиле грешка во животот и треба да ја сносат одговорноста за тоа. Сакам да знаете дека целта на мојата одлука не е да помилувам криминалци , туку да помогне во воведувањето на ред во државата.

Во дописот испратен во затворот Идризово Претседателот Иванов им појаснува на затвореничките дека помилувањето на 56 политичари и нивни соработници ја донел за доброто на граѓаните и било гаранција дека до денот на изборите партиите и нивните подржувачи нема да влијаат на изборниот процес.

На крајот од писмото Претседателот Иванов им порачува на жените да побараат помилување преку судовите односно според редовната законска процедура, но не знае како да ги отповика помилувањата дадени за политичарите. Вчера во соопштение наведе дека се уште не нашол начин како да излезе од проблемот, и за помош ги повика лидерите на партиите, кои како што рече, кога ги помилувал не ги ни прашал.

Поради проблемот со одлуката за аболиција на политичарите Македонија влезе во уште поголема криза, од која се закануваат дури и санкции и одземање на препораката на Р.Македонија за почеток на преговори за членство во ЕУ.