Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов свика состанок на кој надлежните институции од областа на одбраната, безбедноста и разузнавањето ќе го информираат државниот врв на Република Македонија за актуелните настани.
Состанокот ќе се одржи вечерва во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, по враќањето во државата на Претседателот на Собранието на Република Македонија и на Претседателот на Владата на Република Македонија.
Терминот за одржување на состанокот дополнително ќе биде соопштен.
