Иванов и Димитров кохабитирале за пополнување на дел од испразнетите амбасади

од desk2
84 прегледи

Наскоро ќе бидат назначени првата група амбасадори кои ќе бидат испратени во испразнетите дипломатски претставништва на Македонија во светот, соопшти денеска шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, одговарајќи на прашање до каде се преговорите со претседателот Ѓорге Иванов за новите македонски амбасадори.

– Неколкупати имавме средби со претседателот Иванов и со неговиот тим. Би рекол дека сме во финална фаза за испраќање на правата група амбасадори – рече Димитров, без притоа да прецизира дали меѓу договорените кандидати се и амбасадорите што ќе бидат испратени во Брисел, Париз и во Велика Британија.

Димитров истакна дека наследил тешка ситуација во однос на бројноста и во однос на балансот во односот меѓу кариерни дипломати и политички именувани дипломати.

– Соодносот е 60 наспрема 40 во полза на политичките дипломати – рече Димитров.

Тој истакна дека се гради добра волја и консензус да се подобри балансот, бидејќи е потребна професионализација на кадровската политика на МНР./Мета