Иванов: Историјата не е главниот проблем туку бугарската општествената култура и покрај добрата волја помеѓу Петков и Ковачевски

од Берта Китинска
560 прегледи

Зоран Иванов, аналитичар и новиран во емисијата Здраво Македонијо истакна дека често патува во Софија и има можност да ги знае тамошните прилики од медиумите.

Тој откри какви се реакции на тоа што Петков дошол во С. Македонија.

„Реакциите се негативни, зошто Петков прв дошол во Македонија, ако некој треба да моли и коленичи е македонската страна и македонскиот премиер треба прв да отиде во Софија. Тоа е само сигнал дека нема да одат така лесно работите и покрај добрата волја помеѓу Петков и Ковачевски. Според мене историјата не е главниот проблем туку бугарската општествената култура и тие мислат дека ќе останат без бугарската култура“, рече Иванов.

Слични содржини