Иванов: Кога на власта ѝ треба доза изборен национализам, тогаш се повикуваат на наводна етно-загрозеност на едната од другата гласачка племенска група

„На многумина важно им е лагите да им ги милуваат ушите, да си се чувствуваат комотно во доза патриотизам...“, вели Иванов

од Nikola Popovski
0 прегледи

Според политичкиот аналитичар и новинар, Зоран Иванов, „кога на власта ѝ треба доза изборен национализам, тогаш се повикуваат на наводна етно-загрозеност на едната од другата гласачка племенска група“.

Запрашан дали на народот му е јасно за кого дава поддршка, но сепак гласа за да си го оствари личниот интерес, понекое вработување во институција, но на штета на државата, аналитичарот посочува дека на многумина не им е јасно ама не им е грижа за тоа.

-Нема толку слободни државни работни места а и администрацијата како животен работен ангажман станува се по непривлечна. На многумина важно им е лагите да им ги милуваат ушите, да си се чувствуваат комотно во доза патриотизам, во доза национализам во скудната и се поскапа потрошувачка кошничка, во најниската плата во регионов во најбедната држава во Европа, да се гордо анти ЕУ. Но тоа е еден дел од луѓето врз кој е креирана и оваа актуелна стварност за која мнозинството од нив и на овие локални избори го дадоа гласот за статус кво, посочува Иванов во анализа за „Локално“.

Непринципиелни коалиции: „Граѓаните немаат комплекс да го дадат гласот за свој сограѓанин од друга етничка заедница, но проблемот е што таквите „размени“ се под партиски диктати“

Слични содржини