Иванов нема да учествува на состанокот на лидерите од Брдо-Бриони Процесот во Тирана

од desk2
101 прегледи

Поради Апостолската посета на Неговата Светост Папата Франциск на Република Македонија, претседателот Иванов нема да учествува на состанокот на лидерите од Брдо-Бриони Процесот, што ќе се одржи во Тирана на 8 и 9 мај 2019 година, соопштуваат од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.

,,По упатената покана од страна на претседателот на Република Албанија, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија навреме ги извести домаќините дека претседателот Иванов нема да учествува на годинешниот состанок на Брдо-Бриони Процесот”, наведуваат од кабинетот на Иванов.