Иванов помилува 26 осудени лица

од desk3
102 прегледи

Истиот ден кога целосно ја поништи аболицијата, претседателот Ѓорге Иванов донел одлука за помилување на нови 26 лица од понатамошно издржување на затворските казни.

Одлуката на Иванов е објавена во вчерашниот број на „Службен весник“. Според она што може да се види, две лица целосно се ослободуваат од извршување на неиздржаниот дел од казната затвор, на шестмина затворските казни име се заменуваат со условни казни од три односно две години, а 20 осуденици делумно се ослободуваат од казната.

pomiluvani-sl.-vesnik-860x680

Од кабинетот на претседателот за „Мета“ велат дека помилувањата на осудени лица се редовна практика, која не е карактеристична само за празници.

– Помилувања нема само за празници, односно тогаш ги објавуваме помилувањата поради поводот. Кога има молби од осудени лица или по предлог на казнено-поправните установи, претседателот дава помилувања. Речиси еднаш месечно се даваат помилувања – ни одговорија од кабинетот на Иванов.

Меѓу помилуваните се Љубица Каровска, која беше осудена бидејќи со лажна факултетска диплома работеше како лекар во Здравствениот дом во Кавадарци и Перица Јанковиќ зад кого стојат повеќе разбојништва.

 

META

Слични содржини