Претседателот Иванов помилувал погрешна Фатиме Фетаи, наместо обвинителката од СЈО. Според писмото кое Фетаи му го испратила на Иванов по повод нејзината аболиција, таа вели дека Иванов ја помилувал Фатиме Фетаи од Гостивар, а не обвинителката Фетаи, која е од тетовско Боговиње.

„Еден од основните услови да ослободите лице од кривично гонење е истото тоа лице да се гони кривично, а дали некое пријавено лице ќе се гони кривично или не, одлучува јавен обвинител. Ја одбивам Вашата ’добрина’ и ’милостина’, која патем, треба да ја чувате за, како што изјавивте, во иднина. Но и во иднина Ве замолувам немојте неразумно да се расфрлате со неа за мене. Јас како јавен обвинител треба да бидам пример за правичност и затоа инсистирам да одговарам за моите постапки, како што и ќе инсистирам секој да одговара за своите, без исклучок. Ова последното е потсетување дека не сум од класата на Вашите ’политичари’ на кои несебично им ја поделивте Вашата ’милостина’, со цел и на начин разбирлив само Вам, преку неказнување на потенцијалните извршители на тешки кривични дела, да стимулирате социјална катарза и да постигнете благосостојба во општеството на подолг рок.
Денеска ќе се протестира во Скопје, Штип и во Битола
Видливо е дека ќе ја постигнете целта која ја најавивте, само во обратна смисла.
Не, господине Иванов, Но пасарáн. Доколку сметате дека не сте дел од валкани игри и смислени конструкции, еве ви добра шанса тоа делумно да го докажете. Без разлика на Вашата одлука, за сторената повреда на мојата чест и углед ќе ги искористам сите правни средства. На крај, само да Ви посочам дека во изведбата на најсрамниот чин во историјата на Република Македонија при неразбирливо брзање, барем за мене не требаше толку да брзате, всушност сте ја помилувале Фатиме Фетаи од Гостивар. Верувам дека сте мислеле на мене, односно сугестиите Ви биле за мене, само што требало детално да Ви ги кажат моите лични податоци. Јас не сум од Гостивар, живеам во с.Боговиње – Тетовско и со целата оваа рашомонијада која ја направивте, Вие тотално го избришавте правниот систем во Република Македонија.“- му пишува Фетаи на Иванов.