Новинарот Зоран Иванов во гостувањето во Само Вистина истакна дека на Заев и СДСМ пред изборите им била стратегијата преку нападот на ДУИ да добијат што повеќе гласови.

-Очекувањата од новата влада се различни, главно се негативни во смисла дека не може многу да се очекува многу со оглед на тоа што коалицијата предизборно беше во клинч, не се наоѓаа на некоја заедничка платформа, но политиката е и практична работа веројатно и епилогот на изборите е тој каков што е да се соберат 61 пратеник плус Тачи 62. Немаше некоја гаранција дека со тој број на пратеници и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе можеа да состават влада без ДУИ. Во „бомбите“ за функционери на ДУИ не слушнавме дека имало криминал уште немаме докази.
За поздравување беше коалицијата меѓу СДСМ и Беса, за првпат се случи такво нешто, со години спротиставени, и тоа е една новина на овој балкански простор не само за Македонија да можат македонска и албанска партија заедно да настапат со одредена програма на избори. На таа карта Заев одеше на зголемување на својата популарност да добие уште повеќе гласови на сметка на ДУИ. Таа борба пред изборите е легитимна.
На Заев и СДСМ пред изборите им беше стратегијата преку нападот на ДУИ да добијат што повеќе гласови. Ако ДУИ обезбедеше 10 пратеници наместо 15, тогаш Заев и Беса ќе правеа коалициска влада со други коалиции, рече Иванов.