57
Поранешниот претседател на Македонија, д-р Ѓорге Иванов, ќе соработува со Министерството за надворешни работи во насока на промоција на македонската култура и идентитет на меѓународната сцена.
Министерот Тимчо Муцунски информираше дека е потпишан Меморандум за соработка меѓу МНР и Меѓународната алијанса за цивилизации, која ја претставува Иванов. Соработката ќе биде насочена кон јакнење на јавната и културната дипломатија, како и подобро претставување на македонскиот идентитет во странство.
Во рамки на оваа иницијатива, денеска се одржа и Третиот форум за културна дипломатија, каде Муцунски говореше за улогата на културата како мост меѓу народите и истакна дека институцијата ќе продолжи активно да ја промовира Македонија на меѓународен план.