Иванов: Сега е шансата македонизмот, од кој Бугарите имаат страв, да влезе во европските ходници

од Nikola Popovski
298 прегледи

Ги доведовме луѓето во ситуација тие да не тешат и да ни кажат што сме, ко ние да не знаеме. Не знам од каде тој страв и таа фрустрација за нашиот идентитет. Постоиме како држава и нација од 1944-45 година. Самостојна држава сме 30 години со македонски јазик. Си носиме големи товари и големи фрустрации поради соседите, но битка е животот и таква ни била и судбината, ќе се бориме и понатаму, вели новинарот Зоран Иванов околу поддршката што ја добиваме од европските лидери за прифаќање на францускиот предлог и денешното отворено писмо до македонската јавност од страна на германскиот канцелар Олаф Шолц.

Според него, лидерите од ЕУ сега помалку ја отвораат вратата за да забрзаме реформи и да почнеме преговори.

-Важно е да тргнеме по тој пат за реформи. Неодамна донесовме Резолуција во Собрание за нашите црвени линии. Од каде е сега стравот за идентитетот? Или сум Македонец или не сум. Викаат „ќе сме бугаризирале“ – ние 70 години имаме проблем со Бугарите со негирање на македонството. Сега е шанса македонизмот, од кој Бугарите имаат страв, да влезе во европските ходници и да видиме тие како ќе се однесуваат. Таму ние нема да бидеме сами, сега сме изолирани и водиме битка со Бугарија, рече Иванов во емисијата „Само вистина“.

Слични содржини