Иванов: Вашингтон и Брисел се јавија во Софија и ја стишија последната кавга

од Nikola Popovski
190 прегледи

Ние се уште се движиме наназад. Нема алтернатива освен ЕУ. Бразил ни е далеку, Кина ни е далеку. За Русија нема теорија, ниту еден граѓанин не отиде таму да бара работа, вели новинарот Зоран Иванов во емисијата „Само вистина“.

Според него, во изминатите 30 години во било која криза, не можеме сами да ја изменаџираме.

-И последнава кавга со Бугарија, пак меѓународниот фактор Брисел и Вашингтон се јавија во Софија и ја изменаџираа, малку ги стишија. Каракачанов викаше со тенк ќе доаѓа и ќе руши споменици, сега прашање е дали со три автобуси ќе дојдат. Без меѓународниот фактор, ние сами не успеавме и во кризи влегувавме. Тоа покажува дека не сме моќни. Нас ни треба помош од старите и организирани држави, смета Иванов.

Тој вели жално е тоа што Македонија и Бугарија се расправаат за чествувањето на Гоце Делчев.

-Ова е шок за Бугарија. Паника ги фаќа и кога мислеа дека ќе бидат тврди, кога нивниот министер дојде овде и се сретна со нашиот, вика ние сега ќе средиме. Испадна ќе доаѓаат само околу 150 луѓе на гробот на Делчев, порача Иванов.

Слични содржини