Новинарот Зоран Иванов смета дека во првите 100 дена од Владата граѓаните не се задоволни.
-Ниту една влада нема поддршка во вакви околности во континуитет на кризи. Ниту една влада не може да ги сервисира елементарните потреби. Во 30 години реално кај населението ретко кога сме биле „фул“ задоволни од своите влади. Морам да дадам позитивна оценка дека Владата гаси пожари од ден за ден. Како се вели „се вади од место и се дава на друго“. Се покачија социјалните трансфери, субвенционирање на претпријатијата во време на корона, нафтата поскапе… Кој и да е на власт, граѓаните ќе бидат задоволни, затоа што не добиваме девизи од свои ресурси. 90% од сѐ сме зависини, со децении е така. Постојано имаме дупка во буџетот. Не гледам партиска гарнитура која може да каже дека стандардот ќе порасне за 30% за 2 години. Се забавуваат капиталните инвестиции, за да се задоволат социјалните потреби, рече Иванов во емисијата „Само вистина“.
Според него, оваа Влада со овој тип на работење успешно се справува.
-Што се однесува до населението, секогаш ќе бидеме незадоволни, потенцира Иванов.