Иванов во Брисел на средба со Столтенберг- Нема да бидеме сега жртва и на бегалската криза!

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во рамки на посетата на Брисел ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.  Во рамки на посетата тој вчера се сретна со потпретседател на Европската комисија, Франс Тимерманс.4522905

Македонија: Нема да стануваме жртви на Брисел, Грција ги крши законите, ЕУ не помага  во една реченица е вчерашната порака на претседателот  Иванов до Брисел

Македонија ги запира мигрантите и  ја брани Европа од приливот  Од почетокот на миграциската криза Република Македонија се потпира единствено на свој ресурс. Помошта од ЕУ доцни. Потребена  ни е итна техничка и финансиска помош. Тоа,  го рече македонскиот претседател Ѓорге Иванов за време на средбата  во Брисел со првиот заменик-претседател на ЕК Франс Тимерманс. Двајцата не се појавија по разговорот пред новинарите и пораката дојде само преку соопштение од кабинетот на Иванов.

“Македонија ги поднесува сите последици од функционирањето на механизмите на ЕУ и од недостатокот на регистрација во земја-членка на ЕУ – Грција”, се вели во соопштението. Република Македонија ги исполнува сите меѓународни обврски во однос на мигрантите и нивното хуманитарно помош .

бегалци гевг

Тимерманс изразил разбирање за проблемите со кои се соочува Република Македонија и ветил што е можно побрзо да обезбеди поддршка од ЕУ.

Од почетокот на годината во Македонија  поминале над 500 000 мигранти. Сите тие доаѓаат организирано од Грција со автобуси и возови до македонскиот пограничен град Гевгелија. Македонските власти постојано повикауваат на координација меѓу Атина и Скопје за ова прашање, но до моментов нема волја од грчка страна за тоа. Грција се противи и на распоредувањето на полицајци од “Фронтекс” на границата меѓу двете земји, а продолжува да праќа мигранти кон Македонија, создавајќи проблеми на ЕУ.  Од средината на минатата недела Македонија не допушта премин низ нејзина територија на економски мигранти. Сепак грчките власти иако го знаат тоа не сакаат да с екоординираат и продолжуваат да испраќаат мигранти, главно од Бангладеш, Пакистан, Сомалија и други африкански држави кон македонската граница. Во моментов во т.н. “ничија земја” има над 1.000 мигранти