708
Во четврток нема да падне Владата, смета новинарот Зоран Иванов.
Според него, тоа нема да се случи бидејќи главните актери се пуштиле во игра и веројатно малку се истрчале и затоа, меѓу другото, „се во офсајд“.
-Политиката е одговорност, но истоврмеено и игра во убава смисла на зборот. Поддржувам предвремени парламентарни избори, од причина што Македонија не прави реформи, бидејќи парламентот не функционира поради распоредот на силите и второ не функционира и поради една недоволна политичка зрелост на сите субјекти во државата, вели Иванов во емисијата „Само вистина“ и додава дека Македонија е општеството, во кое функционираат и други партии, освен СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.