Претседателот Ѓорѓе Иванов вработува нови советници. Според огласот објавен од страна на неговиот кабинет, се вработуваат двајца посебни советници, од областа на надворешната политика и од областа на одбраната и безбедноста.

И за едниот и за другиот се бара да имаат барем десет години искуство во законодавната, извршната и судската власт, да имаат искуство во невладини организации и да познаваат барем еден од трите најчесто користени светски јазици.
Во моментов Иванов има седум советници, сите од Македонија, меѓу кои еден за надворешна политика и еден за воени прашања, што изгледа многу скромно споредено со тоа колку советници имаше претходниот премиер Никола Груевски . Од вкупно 86-те советници на премиерот само еден, Роберт Валтер , добивал плата од околу седум илјади евра./Макфакс