Иванов: За излез од кризата во Собранието, потребни се брзи избори на почетокот на јули

од Nikola Popovski

„Излезот од оваа криза во Собранието и блокадите се нови избори, кои би се случиле на почетокот на јули“, смета новинарот Зоран Иванов за емисијата „Само вистина“.

Според него, кога не функционира најголемата институција во државата, „потребни се мали промени во актуелното мнозинство“.

„Иако изборите нема да сменат нешто многу, повторно ќе победи актуелната владеачка гарнитура. Сегашната криза е создадена од општа политичка некултура. Сметам дека експертската влада не функционира“, додава Иванов, дека интерпелациите од опозицијата во Собранието се сосема непотребни.

За последните анкети, Иванов вели дека опаѓаат рејтинзите на двете најголеми партии, но дека изненадува високата популарност на владата, од 42 проценти од испитаниците.

„Некои западни земји би биле среќни со толкав процент на задоволство од нивната работа“, потенцира Иванов.

Слични содржини