Иванов за модуларната болница: Истрагата ќе покаже, секој може да направи диверзија

од Nikola Popovski
346 прегледи

Да видиме што ќе покаже истрагата и што ќе кажат експертите, дали некој фрлил нешто и дали МВР го обезбедила местото, вели новинарот Зоран Иванов во гостувањето на емисијата „Само вистина“, зборувајќи за истрагата околу опожарената модуларна ковид-болница во Тетово.

Според него, никој таму не се приближил до местото на настанот во текот на следниот ден.

-Сите беа на 50-100 метри од објектот. Секој може да направи диверзија, да земе или фрли нешто навечер. Не се разбирам во експертиза. Затоа да оставиме истрагата да си покаже. Можеби ќе се покаже дека вината е во тој што ги испорачал материјалите. Нема потреба никого да браниме, потенцира Иванов.

Слични содржини