Иванов за резолуцијата: Место еден, сега ќе треба да пресконеме два ѕида, за да ја отвориме вратата на ЕУ

од Nikola Popovski

„Сето ова ми личи на политиканство и едно предизборие. Тоа го почна ВМРО-ДПМНЕ како носечка опозициска партија, заедно со своите партнери во коалицијата, па се приклучија и некои од помалите партии кои се околу СДСМ. Ние како мала држава, ако се почитуваше меѓународното право и ако важи за сите, и Курдите ќе имаа држава, што се 30 милиони и нашите Македонци во Бугарија ќе беа Македонци и тие во Егејска Македонија ќе беа исто“, вели новинарот Зоран Иванов за емисијата „Само вистина“.

Според него, оваа резолуција што се планира во Собранието е небитна за големите сили.

„Ако бугарската страна со нивната декларација крена ѕид кон Македонија, нашите не ја превенираа таа. Сега ние креваме ѕид, за да ја затвориме вратата на ЕУ, или за да го прескокнеме ѕидот, треба да се сруши нашиот, па бугарскиот. Место еден, треба сега да срушиме два ѕида“, рече Иванов.

Слични содржини