Нешто нас се така нешто ни се случува. Дошло јајцето минута до 12. Не сум оптимист дека Софија ќе ја крене рампата. Премиерот Петков гледа да си ја спаси коалицијата и му требаат барем 6 месеци за да го изменаџира јавното мислење и внатре во Парламентот. Таму покренуваат импичмент за спикерот, сега тоа ќе се влече. Се уште има силна опозиција. Прашањето за Македонија не го нагласуваат и затоа не сум оптимист, но не знам што се крчка во Париз и Брисел. Сепак, Франција е моќна, вели новинарот Зоран Иванов околу можноста за кревање на бугарското вето во јуни и почетокот на преговори на Македонија со ЕУ.
Тој смета дека и францускиот претседател Емануел Макрон малку задоцни.
-Можеби Брисел подготвува формула, со која можеби ќе ги задоволи дел од барањата на бугарската политика, за да се крене ветото и да се одржи таа Прва меѓувладина конференција. Денес, утре, задутре… ене го каде е 23-ти и 24-ти јуни. Само може чудо да се случи. Клучот е Париз и Брисел, не е клучот кај Софија. Не сум оптимист, знаејќи го расположението во Бугарија. Сакам да потенцирам дека Вашингтон заврши голем дел од работата, врз притисокот на ЕУ врз Софија. Мислам дека Шолц е погрешно протолкуван во Скопје и Софија. Тој различно зборуваше во двата градови. Ќе видиме дали ќе се најде магична формула. Ако остане ветото, тоа ќе биде пораз и за Макрон и за Брисел, додаде Иванов во емисијата „Само вистина“.