Поради нечиј инает Македонија 24 години е надвор од ЕУ и НАТО.И покрај тоа што не е дел од европското семејство нашата држава остварува економски раст, а тоа некому не му се допаѓа, порача претседателот Ѓорге Иванов на Самитот 100 кој се одржува во Порторож.
Иванов имаше говор пред лидерите на Брдо-Бриони процесот, стопанственици и бизнисмени. Претходно на билатералните средби со неговите колеги од Словенија и Хрватска Пахор и Грабар – Китаровиќ шефот на државата побара неодложен почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ и прием на Македонија во НАТО. Словенечкиот и хрватскиот претседател повторија дека позицијата е јасна, константна, безусловна и континуирана поддршка за нашата држава.
На Самит 100 кој се одржува по четврти пат освен Иванов учествуваат и претседателите на Хрватска, Словенија, Косово, БИХ и Црна Гора. Србија ја претставува министерот за економија. Присутни се и бизнис лидери и истакнат и претприемачи и стопанственици од Југоисточна Европа. регионот.
