Ивановска: Ако работеа како што треба инспекциските служби, немаше сега да се гушиме во црна магла

од Stefanija Kuzmanovska
178 прегледи

Инспекциските служби слабо си ја вршат работата. Ако работеа како што треба инспекциските служби од градежништвото, ние немаше сега да се гушиме во црна магла во Скопје, вели претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, во интервју за „Гласот на Америка“.

Ивановска е со намалена доверба кон правосудството и има бројни критики кон внатрешните ревизии и инспекциски служби.

„Еве да кажеме дека во извештајот за напредокот на државата ма ЕК, ДКСК беше позитивно оценета. Тоа е една светла точка во целиот овој систем на институции кои се бават со корупцијата. Но, не е доволно само една институција да се залага, да вложува енергија и да работи. Системот функционира кога функционираат сите негови делови. Така, како што истакна ЕК, треба да се почитуваат препораките и иницијативите што ги дава ДКСК се со цел да имаме целосни завршници“, наведува Ивановска.

Таа наведува дека ако се анализираат овие фактори, станува јасно што му треба на правосудниот систем и на целото општество.

„Меѓутоа пред сè на правосудниот систем, зашто тој е клучниот којшто може да ги среди другите системи и сектори во државата. Ако профункционира казнивоста, ако судиите работат навистина со свој интегритет без политички влијанија, многу јасно се гледа каде е проблемот“, вели Ивановска.

Слични содржини