Ивановска: Антикорупциска е како доктор за систематски преглед, нашите ингеренции се таман

од Nikola Popovski
286 прегледи

Разговаравме за повеќе појави кои му штетат на општеството и направивме анализи, но нема имплементација. Ние сме превентивен орган. Точно се знаеше кој кога и што треба да направи. За жал извештаите за 2021 и 2022 година, покажуваат дека само 10% од активностите се преземени. Ова е сега аларм – или ќе се одбиеме за да одиме нагоре или ќе тонеме надолу, вели претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска за последниот извештај на ЕК за напредокот на земјава во повеќе области.

Околу Комисијата која ја предводи, Ивановска порачува дека не е работа на институцијата да суди и да носи пресуди.

-Нашата работа е дека ние всушност сме како доктор за систематски преглед. Не може таквиот доктор да биде хирург. Хирург е обвинителот или судијата. Крајната цел на нашата работа е подобрување на системот на контроли и намалување на ризиците од корупција. Потребно е да се намали политичкото влијае, за да дишат институциите, рече Ивановска во гостувањето на вестите на Тв Сител.

Антикорупциска постои, вели Ивановска, за да упатува на слабостите и појавите и да се предлагаат законски измени каде Законите се недоречени. Во сите земји постојат вакви органи, појаснува претседателката на ДКСК.

Според неа, ингеренциите на ДКСК се „таман“.

-Кај нас проблемот е неказнивоста. Не сме ја прекинале соработката со Обвинителството, повторно ќе поднесувам иницијативи за кривично гонење, посочи Ивановска.

Слични содржини