Ивановска: Антикорупциска има повеќе пријави против директорот на Финансиската полиција

од Nikola Popovski
312 прегледи

Државната Комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отворила предмет против директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми.

-Се работи за пријава, како и секоја друга. Има повеќе пријави стигнато за директорот на Управата за финансиска полиција и ДКСК постапува по тие пријави. Некоја од пријавите е поврзана со „Трансмет“. Тоа е всушност предмет кој што Државното правобранителство го има доставено и до ДКСК, истиот предмет. Директорот на Финансиската полиција бил истражител во предметот, во СЈО, во време кога со предметот работеле обвинителите Гаврил Бубевски и Артан Ајро, информира директорката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Според неа, за директорот има и други предмети.

-Отворени сме кон медиумите и се трудиме да бидеме транспарентни. Не е коректно да откривам нешто кое што не сме го сработиле до крај, не сме докажале. Се кажуваме на јавна седница. Кога ќе бидат завршени, ќе ги соопштиме, рече Ивановска во емисијата „Топ тема“.

Слични содржини