Ивановска: Чаир стана страшно место со дивоградби, узурпирано до даска

од Nikola Popovski
356 прегледи

Антикорупциската комисија ќе објави листа на сите институции и функционери кои што платиле казна, а не им доставиле документи. Кон крајот на мандатот, ќе видите кои биле тие институции и поединци кои добиле пријава и барање за документи, а не ни доставиле. Имаше за жал и такви ситуации, соопшти утрово претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.

Според неа, еден таков пример е и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу.

-Градоначалникот повеќе пати не ни достави. Чаир стана страшно место со дивоградби. Не се препознава Чаир. Местото во превод значи ливада – тоа беше отворен простор со паркови, а сега не личи на ништо. Узурпирано до даска, кажа Ивановска во емисијата на „Слободен печат“.

Ивановска истакна дека имале и примери на неажуриран анкетен лист за имотна состојба.

Слични содржини