Ивановска: Членовите на новата влада својот личен интегритет да го стават во функција на позицијата која ја заземаат

од Берта Китинска
277 прегледи

Сме оствариле контакт со Ковачевски, сме разговарале. Првиот човек секогаш е огледало на институцијата и пример на вработените како непишано правило. Затоа многу е важно за членовите на новата влада својот личен интегритет да го стават во функција на позицијата која ја заземаат и функцијата која што ја обавуваат. Кога критикуваме не го правиме тоа затоа што така сакаме туку да се подобри функционирањето во системот и негова поголема успешност, рече Билјана Ивановска, претседател на Државната комисија за борба против корупцијата во Утрински Брифинг.

Таа додава дека сите избрани и именувани членови на влада се предмет на испитувања на Комисијата.

-Мислам дека новиот премиер и сите министри треба да се погрижат да ги спроведат активностите на националната стратегија да се спроведе истата и да ги спроведат нашите препораки, децидна е Ивановска.

Според неа треба да постои вицепремиерско место за борба против корупција како клучно за справување со овој негативен феномен во државата.

-Ресорот вицепремиер за борба против корупција е одлука на Владата. За нас важно е да се креираат политики за спречување на корупцијата. Поле за работа има за сите бидејќи корупцијата кај нас е широко распостранета. Според препораките на ГРЕКО сметам дека треба ваква позиција за спроведување на етичкиот кодекс за добро владеење и управување, рече Ивановска.

Слични содржини