Ние само одговоривме на новинарско прашање. Не знаевме дали министерот или обвинителката или судијата сами си платиле. Доколку не патувале во службените должности, сами да објават кој им ги платил трошоците. Го следиме случајот, ние не отворивме предмет. Толку беше, рече претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска околу патувањето на Фетаи, Тупанчевски и Нанев на фудбалскиот натпревар во Палермо.
Според неа, Владата е надлежна и има одговорно лице за следење на етичкиот котек и тоа е вицепремиерката Славица Грковска.
-Како и во Советот за јавни обвинители и претпоставувам има начин како да се утврди и кај Здружението на судии има посебно тело за етичкото однесување на судиите. Ние само препорачуваме, затоа што како институција не можеме ништо да направиме, кажа првата антикорупционерка и додава:
-Во етичкиот кодекс на Владата стои дека членовите на Владата не треба да земаат подароци освен оние кои се дефинирани со Законот за ствари. Во тој Закон стои дека тоа се регулира со уредба. Во уредбата точно е наведено што се подразбира под подароци. Дароци се недвижни ствари кои понатаму стануваат сопственост на републиката или движни ствари како книги или сувенири. Се што е надвор од ова, функционерот не смее да го земе за себе, информира Ивановска.