Ивановска ги критикува владините кампањи и истражувања, а ДКСК распишале тендер за јавни кампањи?

од Vladimir Zorba
726 прегледи

Претседателката на Антикорупциска комисија во изјава за „Телма“ вчера укажа дека граѓаните на избори ќе кажат што мислат за Владата и затоа Влада не треба да го испитува јавното мислење по однос на различните политики.

Посочи дека кампањата на Владата за вакцинација е оправдана, но другите „две кампањи“ биле непотребно трошење пари, затоа што „борбата со корупцијата најдобро се води со личен пример“. Дополни дека најдобар тест за резултатите од владината борба со корупцијата се изборите.

Сепак треба да се има во предвид дека станува збор за само уште една кампања – таа за антикорупција.

Но она што зачудува е што од една страна Ивановска се противи на владините кампањи од јавен интерес, а од друга страна и самата има потреба од такви.

На tenderi.mk може да се види дека и Комисијата за спречување на корупцијата има повик за ПР комуникациски услуги финасирани од ОБСЕ.

Дали и за ДКСК важи премисата дека „личниот пример во борбата со корупцијата е најдобра кампања и дека за тоа не треба да се трошат пари“, или се работи за двојни аршини?

Што се однесува до Владата, станува збор за две кампањи, едната е за вакцинација, а другата за борба со корупцијата. Третиот повик не е кампања туку истражување на јавното мислење.

Владата објаснува дека „Медиа планот“ не се однесува на закуп на медиумско време кај радиодифузерите, затоа што тоа е сѐ уште забрането со закон, согласно членот 102 од законот за ААВМУ, туку на користењето различни канали за комуникација со јавноста како што се односи со јавноста, настани, печатени материјали, билборди, социјални медиуми, печатени медиуми.

Дополнително, од Владата објаснуваат дека јавните набавки се распишани уште во месец април годинава и при тоа посочуваат претходни спроведени истражувања кои за прв пат се ставаат на располагање на јавноста во делот Отворена влада на веб страницата на Владата (vlada.mk/istrazuvanja), нешто што беше дури и класифицирана информација на ниво на државна тајна во времето на минатата влада на ВМРО-ДПМНЕ.

За потсетувување, владата на Никола Груевски потроши 38 милиони евра за кампањи и истражувања за период од 7 години, или близу 5.5 милиони евра годишно на различни теми, за чии резултати никогаш не дознавме.

Слични содржини