Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека тоа што нас најмногу ни недостига е почитувањето.
-Не само на законите, почитување и меѓу луѓето. Кај нас суетата некако како да доминира и тоа е разорно во општеството, вели Ивановска.
Според неа, луѓето си одат од државата поради непотизам, клиентелизам и мешање на политиката во сите сегменти.
Ивановска потенцира дека сите треба да придонесат за искоренување на корупцијата.
-Ме радува фактот што граѓаните веќе го знаат тоа и им пречи и се повеќе отворено реагираат. Од друга страна лошо е корупцијата изби на прво место во државата, констатира претседателката на ДКСК.
За укинатата пресуда за случајот со екс-судијата Владимир Панчевски и неговото излегување од затвор, Ивановска вели:
-Нели судски одлуки не се коментираат… Сепак тоа е Врховен суд и така одлучил. Панчевски беше на црната листа на Стејт Департментот, но тоа е тоа, оценува Ивановска.