Ивановска: Новата Влада да даде личен пример и да се откаже од привилегиите

од Nikola Popovski
257 прегледи

Ризикот од политичка корупција и политичко влијание е највисок. Понатаму следува ризикот од неказнивост и незадоволството од судиите. Значи тие се основните ризици, кои треба да ги надминеме, вели претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска во утринската емисија на ТВ Телма.

Според неа, треба да бидат свесни сите носители на јавни функции дека системот треба да функционира, без тие дали биле таму или не.

-Треба нормално да си функционира, да постои систем на вредности да го избираат најдобриот квалитет, а не да бидат тоа нивни лица, без разлика дали се роднински или партиски. Прав човек на право место, рече Ивановска.

Претседателката на ДКСК побара од новата Влада со својот личен пример, да придонесе за промена на перцепцијата.

-Ако некој функционер се откаже од своите привилегии, од злоупотребата на државните средства и од вработувањето на свои лица, тогаш мислам дека ќе има некаква надеж, смета Ивановска.

Слични содржини