Ивановска: ОЈО конечно назначи контакт-лице кое ќе соработува со ДКСК

од Nikola Popovski
230 прегледи

Немаме информации кој би требало да се најде на црната листа на САД, ниту ги знам критериумите врз основа на кои наши функционери се ставаат на таа листа. Она што ние го работиме и кога ќе дојдеме до елементи за кривично гонење, таквите предмети ги доставуваме до Основното јавно обвинителство (ОЈО), вели претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Билјана Ивановска.

Ивановска во интервју за телевизија Канал 5 потврди дека ОЈО досега многу слабо реагирало на нивните пријави.

-Скоро ич не изреагира позитивно. Сепак има позитивен зрак надеж – неодамна воспоставивме комуникација со лице од ОЈО кое што е назначено е да соработува со ДКСК и да биде контакт лице. Тоа побара од нас да доставиме список на сите иницијативи за да видат до каде се предметите. Тоа е еден чекор напред кој што оди во насока на подобрување на соработката со Јавното обвинителство. Искрено се надевам дека нешто ќе се случи после ова. Мислам дека крајно време е нешто да се случи, рече Ивановска.

Слични содржини