Ивановска: Објект во Центар добива решение за уривање, но продолжува да се гради

од Nikola Popovski
395 прегледи

Претседателката на Државната комисија за спречувањето на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска вечерва информираше за случај со објект во општина Центар, за кој иако има добиено решение за уривање, тој продолжува да се гради.

-Колку имате вие инспекциски наоди за дивоградби. Инспекторот ќе напише ова треба да се сруши… Еве ви го случајот на Водњанска со познат човек кој е инвеститор на објект. Објектот изграден на четири-пет ката, доаѓа инспектор од опптина Центар двапати пишува решение за уривање, не се урива објектот, си продолжува да гради. Уште мајсторите им пуштаат предизвикувачка музика на околните граѓани дека законот ништо не им може. На што личи тоа? На ништо не личи тоа, тоа е за срамота!, кажа луто Ивановска во емисијата „Клик плус“.

Таа додаде во моментов го работат предметот.

Слични содржини