Ивановска: Огласите за вработување пред избори ги ставаат во заложничка позиција оние што очекуваат да бидат вработени

од Берта Китинска
293 прегледи

Во изминатата недела во ДКСК се примени 60 барања за мислења од институции, кажа Катица Николовска од Државната комисија за спречување на корупцијата говорејќи за активностите на Комисијата во однос на целиот изборен процес за претстојните Локални избори 2021, напоменувајќи дека ДКСК нема надлежност да дава мислења по овие предмети.

– Во делот на вработувањата се најголем дел од овие барања односно дали смеат да вработуваат итн… Во делот на измените во Изборниот законик предвидено е дека вработувања може да се вршат само во дел на неодложни и итни случаи, освен за потребите на воспитно образовниот процес, појаснуваше Николовска.

Од ДКСК повикаа секој да си ги носи одлуките во рамки на законските одлуки.

Според Билјана Ивановска, претседател на ДКСК , самата постапка на објавување огласи за вработување непосредно пред започнување на изборниот процес, не е во ред иако законски не е забрането.

– Ние сметаме дека тие не се во духот на доброто управување и дотолку повеќе што веднаш треба да се стават во мирување. Со самото објавување ги ставаат во заложничка позиција оние кои очекуваат да бидат вработени и тоа може да го користат како класичен клиентелизам односно обезбедување гласови, рече Ивановска.

 

Слични содржини