На денешната прес-конференција Билјана Ивановска од Антикорупциска комисија му порача на градоначалникот на општина Центар пред да почне да се гради во општината планот да се сатви под суспензија бидејќи не е согласност со генералниот ДУП.
-Не транспарентното отсуство на јавност во 2021 година резултира на ДУП-ови кои не се усогласени со гуповите.Брзата одлука на Уставниот суд за не спроведувањето на деталниот ДУП остава простор за размислување за тоа кои се приоритетите за донесување на оваа одлука. Токму и за овој спорен ДУП дадовме препораки за можна корупција поради правните недоречености овој план се уште не е под суспензија. Го охрабрувам градоначалникот, пред да даде дозвола за градење да го стави планот под суспензија. Препорачуваме во оваа ситуација да постапуваат по законот, изјави Билјана Ивановска од Антикорупциска комисија.