Ивановска по распитот во Обвинителство: Пријавата е до мене бидејќи јас сум потписник. Од познат подносител е, не е анонимна

Во однос на поканата која ја доби во истиот ден кога ја објави кандидатурата за градоначалник на Општина Центар, Ивановска рече дека „мислењето на јавноста за ефикасноста на јавнот обвинителство е такво, какво што е и тоа остава простори за сомнежи“.

од Vladimir Zorba
245 прегледи

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска, која објави кандидатура за градоначалничка на Центар како кандидат на „Независни заедно“, денеска беше на распит во Обвинителство во врска со кривична пријава против неа.

Ивановска, во изјава за медиумите, по нејзиниот распит во Обвинителсто, рече дека била повикана поради кривична пријава за несовесно работење по член 353, додека била претседателка на Антикорупција, нагласувајќи дека не може да сподели за кој предмет точно се однесува за да не попречува на работата на Обвинителство.

– Пријавата е до мене бидејќи јас сум потписник. Од познат подносител е, не е анонимна, изјави Ивановска.

Во однос на поканата која ја доби во истиот ден кога ја објави кандидатурата за градоначалник на Општина Центар, Ивановска рече дека „мислењето на јавноста за ефикасноста на јавнот обвинителство е такво, какво што е и тоа остава простори за сомнежи“.

-Ако јавното обвинителство постапувало секогаш ревносно и за кратко време ги доставувало пријавите што треба, тогаш никој немало да се посомнева, зошто сега или зошто утре, задутре. Од тука произлегуваат сомнежите. И мене ми е прашањето дали сите пријави кои што биле архивирани на 25 јули се доставени на 14 август и тоа од страна на полиција, изјави Ивановска.

Прашана дали останува сомнежот дека има поврзаност со нејзината изборна кандидатура, Ивановска рече дека „не сака да верува во тоа“ и дека само кажала што и се случило.

– Мораме да оставиме слобода и волја на граѓаните, слободно да мислат и да размислуваат. И тоа е тоа. Предизборието е секогаш можност да направиме проценка до каде сме со нашето растење. Еве и ова е една од тие лекции, изјави Ивановска.

Слични содржини