Ивановска: Разочарувачки е што младите не ги знаат причините, туку ги слушаат постарите дека нема излез од државата

од Nikola Popovski

Во борбата сите се потребни. Институциите се водени од индивидуалци и секако битна е индивидуалната одговорност, но таа пак ја гради институционалната одговорност. Тоа е нераскинлива врска и не гледам разлика помеѓу двете. Ние постарите генерации живеевме во една држава и општество каде што сметавме дека тоа е најубавото каде што живееме и дававме придонес да биде уште поубаво. Сега е разорачувачка атмосферата што нашите млади не знаат да ги објаснат причините, но сите се со реченицата што ќе правиме во оваа држава, слушајќи ги постарите дека нема излез, вели претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска како одговор на новинарско прашање околу борбата против корупцијата.

Според неа, има излез и промените се битни сами по себе за да се овозможи нов живот во државата.

-Треба него да го прашате. Имаме соработка со Комисијата за политички систем при Собранието, но нивниот ред за пленарни седници го подготвува претседателот на Собранието. На скрининзите во Брисел јасно беше кажано дека Собранието треба да си ја подобри својата активност, додаде Ивановска на прашање зошто претседателот на Собранието, Талат Џафери не присуствува на годишната конференција за оценка на остварувањето на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025.

Слични содржини