Ивановска: Сите функционери си прават мали влади од своите кабинети

од Берта Китинска
340 прегледи

Тоа што двајца генерални секретари на Влада се во судски процеси за корупција е лошо од една страна бидејќи тоа значи дека се работело лошо, но од друга страна е добро бидејќи покажува дека тоа е откриено и процесуирано т.е. не било прикриено. На граѓаните особено им пречи неказнивоста на моќниците, вели Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) за Утрински брифинг.

Ивановска вели дека секоја влада до сега практикувала да извлече средства од буџетот за да ги задоволи своите гласачи.

– Видовме договори за авторско дело но немаше авторско дело. Имаше и авторски дела, но тоа беше по исклучок. Очекувам да се напуштаат старите лоши практики од претходната влада кога ќе дојде нова. Проблем е тоа што сите функционери си прават мали влади од своите кабинети. Тоа се премногу луѓе што се носат во министерствата однадвор во услови кога има доволен број вработени во самите министерства, вели Ивановска.

Слични содржини