Ивановска: Собранието да ја разреши Ристовска од ДКСК и Обвинителството да ја преиспита работата

од Nikola Popovski
407 прегледи

Членката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) Цвета Ристовска, ако има и малку морал, треба веднаш да си поднесе оставка – ова синоќа го истакна поранешната претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска во телевизиско гостување. Ристовска го работеше случајот со дипломата на директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски, по што беше објавено дека таа соработувала со факултеот од каде што шефот на тајната полиција има диплома.

Според неа, доколу ДКСК сака да ја врати довербата кај граѓаните, предметот веднаш треба да биде отстапен кај друг член на Комисијата, а не тој и понатаму да биде во рацете на Ристовска.

-Требало да биде изземена веднаш или ако се падне кај неа, затоа што имала деловни односи со факултетот, без оглед дали е паричен надомест или не. Уште полошо ако не е паричен надомест. Кои се интересите? Штом веќе имала деловен однос, тоа претставува ризик за одлучување. Следниот ден беше избришана од наставниот кадар на веб-страната на факултеот, па додадена и ова пиши-бриши ја повредува интелигенцијата на граѓаните. Затоа Антикорупциската треба да биде препознатлива и да дува на ладно.

Имаме две професорки кои судски се осудени со истиот сертификат како оној на директорот на Агенцијата за национална безбедност. Наместо ДКСК да се повлече од своите тврдења, тие велат сертификатот е валиден. ДКСК се повика на изјава на инспектор, наместо корупцијата сами да ја истражуваат, изјави Ивановска во „Тема на денот“.

-Овој член да си даде оставка и да биде разрешен од Собранието. Тоа е првиот чекор. Никогаш не било случај да се преиспита, но, оваа цела работа треба да ја преиспита Обвинителство според мене, додаде Ивановска.

Синоќа преку статус на социјалните мрежи, се огласи и професорот Гордан Калајџиев. Тој побара „оставка од ДКСК“, бидејќи како што истакна „се обрукаа со директорот на АНБ“.

Претходно од Антикорупциската комисија констатира дека нема основа за постапување по пријавата за судир на интереси и корупција при именувањето на директорот на АНБ. ДКСК утврди дека Христовски ги исполнува условите за именување според Законот за АНБ, но истакна дека нема надлежност за директна експертиза на дел од документите.

Согласно образложението, од ДКСК побарале и им биле доставени податоци од надлежните институции во кои утврдиле дека заради апликација од страна на апликантот до Владата биле доставени уверение за државјанство, уверение за завршени студии за високо образование седми степен, одлука за одбрана на магистерски труд, уверение за испити положени од прв циклус, доказ за работно искуство, доказ за познавање на англиски јазик како и изјави во однос дека нема забрани за вршење професија, ниту привремена мерка за вршење дејност, како и да изјава дека не е член на политичка партија и дека не му е утврдено постоење судир на интереси.

Според ДКСК, сите доставени податоци биле во насока на исполнување на критериумите.

Слични содржини