Ивановска: Спорот меѓу Русковска и Муареми ги откри системските слабости во двете институции

од Nikola Popovski
237 прегледи

Состојбата со корупцијата не е на ниво кое можеме да бидеме задоволни. Ние повеќе пати сме нагласиле дека борбата ќе биде успешна доколку се вклучат сите чинители во општеството. Најавената американска помош е значајна во поглед на остварување на нашите цели и во процесите на дигитализација во државните институции. Ние досега сме разговарале со неколку потенцијални имплементатори на проекти, така што очекувам дека ќе имаме успешно партнерство со САД во борбата против корупцијата, вели претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска по најавата на новата американска амбасадорка и повратничка во Скопје, Анџела Агелер, која изјави дека ќе им помогне на властите поефикасно да се борат со корупцијата.

За судирот меѓу шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска и директорот на Финансиската полицијата, Арафат Муареми, Ивановска вели дека до ДКСК не пристигнале претставки за случајот.

-Не треба ние да се мешаме во случајот. Преку овој спор доаѓа до израз системските слабости во функционирањето на двете институции. Нас ни требаат цврсти системи кои ќе ги вадат на површини сите неправилности. Од она што јас имам сознание и за едната и за другата институција, сите предмети коишто доаѓаат и во двете институции не се распределуваат системски, електронски преку софтвер, туку ги распоредуваат нивните одговорни лица, првите луѓе на институциите. Со тоа се отвора можност за субјективно делување на одговорните лица, меѓутоа и се создава висок ризик за уцени и корупција. Тоа треба да се елиминира, рече Ивановска во вестите на Тв Сител.

Таа додаде дека кај нив пристигнуваат анонимни пријави, меѓутоа сите тие, како што нагласи, влегуваат во софтверот и понатаму се распоредуваат од една страна кај член на комисијата, од друга страна кај советник, кој што ќе работи со членот.

Слични содржини