Ивановска: Во странство имате оставки за симит погача и погрешно користена картичка, кај нас функционерите се заборавија

од Nikola Popovski
574 прегледи

Говорејќи за политичката и моралната одговорност за трагедијата во кочанската дискотека, екс-претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска вели дека кај нас поради изгубен систем на вредности, функционерите се заборавија.

-Ние колку пати претходно упатувавме работи и иницијативи до Владата за одговорност за разрешување, никому ништо. Погледнете во странство што се случува – за една симит погача, за погрешно користена картичка, за ситници се поднесуваат политички оставки. Секакви оставки се поднесуваат. Доблесно е да очекуваме политичка одговорност. Самото земање на власта значи распоредување министри на различни ресори. Ако го земеме актуелниот министер за економија, таму има еден куп надлежности. Од друга страна, имате ревизорски извештаи…Ако сте газда на една куќа, треба да знаете што има во куќата, што контролирате, а не само да ги преземате ресорите, рече Ивановска во емисијата „24 анализа“.

Поранешната антикорупционерка жали што кај нас сите пори се зафатени со корупција.

-Сега нас ни се случи дека корупцијата вистински убива. Свесноста на носителите на функции не беше на виоско ниво и граѓаните беа многу попустливите. Се вртиме во круг. Ова е ладен туш за сите и ќе ги отрезни сите и ќе бидат посвесни и ќе и извлечеме поука од се ова, додаде меѓу другото Ивановска.

Слични содржини