Ивановска: За 50 евра 50 луѓе отидоа, животот на луѓето е многу поскап

од Берта Китинска
432 прегледи

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, во врска несреќата во Бугарија и во која загинаа 45 лица кажа дека треба да се работи на зајакнување на интегритетот кај сите службени лица, чесно да се работи работата, а не поради 50-тина или 100-тина евра се случуваат трагедии.

„Ние одржавме јавна дебата по повод прашањето за Беса Транс, односно доделување на лиценци и дозволи во делот на транспортот. Значи главните заклучоци од таа дебата беа дека постои законска регулатива значи дизајнирана за контролниот систем меѓутоа не се почитува. И тоа е основно за случување на вакви работи. Значи кај се луѓето кои што ја доделиле лиценцата, кај се луѓето што направиле контрола, па вчера на КОД видовме дека автобусот воопшто не бил нов туку бил репариран. Значи тоа се поминало низ некои канали, па дури и дека не знам колку пати поминал автобусот преку граница. Значи тоа е затајување на контролниот систем. Затајувањето на контролниот систем е поради отсуство на интегритет на луѓето кои што работат таму, а тоа е основен влез во корупцијата“, нагласи Ивановска.

Ивановска додаде дека треба да се работи на зајакнување на интегритетот кај сите службени лица, чесно да се работи работата, а не поради 50-тина или 100-тина евра се случуваат трагедии.

„За 50 евра 50 луѓе отидоа, мислам нема логика. Животот на луѓето и нашето здравје е многу поскапо. Што прават сега тие луѓе, никаде ги нема, сенка нема од нив“, нагласи Ивановска.

Слични содржини