Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, во врска несреќата во Бугарија во која загинаа 45 лица кажа дека треба да се работи на зајакнување на интегритетот кај сите службени лица.
„Имавме јавна дебата по повод прашањето за Беса Транс, односно доделување на лиценци и дозволи во делот на транспортот. Значи главните заклучоци од таа дебата беа дека постои законска регулатива значи дизајнирана за контролниот систем меѓутоа тој не функционирал поради отсуство на интегритет, вели претседателката на ДКСК, во студио 10.
На парашањето дали станува збор за мито, Ивановска вели дека токму тоа е причината поради која треба да се јакне интегритетот.
-Ја кажав пред некој ден за 50 евра мито отидоа 50 луѓеа. Воедно и тоа колку пати тој автобус поминувла на граница и колку пати цариниците „замижувале “ за да помине , затоа е потребен интегритетот и будењето на свеста кај луѓето, вели Ивановска.