Всушност со работата, делата покажуваат. Да му дадеме простор на човекот, меѓутоа сликата досега не е поволна. Тој треба да вложи многу повеќе енергија за да докаже дека има интегритет и енергија да се избори со корупцијата и предметите, вели првиот човек на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска за изборот на Ислам Абази за нов шеф на Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција.
Таа информира ДКСК прави антикорупциска проверка на легислативата и подготвиле забелешки во однос на законот.
-Ќе реагираме во насока на подобрување на критериумите за избор на првиот човек во ова Обвинителство бидејќи тоа е клучно. Тоа треба да е пандан на нешто што беше СЈО, нешто што навистина треба да ги спроведе предметите кои што се однесуваат на висока корупција, да нема забошотувања, треба нова енергија која ќе биде одлучна, рече Ивановска како одговор на новинарско прашање.