Ивановска за анкетните листови: Штом си избран и именуван, те фаќа законот

од Nikola Popovski
267 прегледи

Голем дел од нив се луѓе кои мислеле дека не треба да поднесуваат. Има директори на училишта, членови на комисии, управни одбори. Има и изненадени, кои прашуваат „од каде сега јас, како јас“…, вели претседателката на Антикорупциската комисијата, Билјана Ивановска околу денешната објава дека 710 функционери не поднеле анкетни листови за 2021 година.

Според неа, „штом си избран и именуван, те фаќа законот и мораш да поднесеш“.

-Има некои на кои им завршил мандатот, па заборавиле, има некои кои што имале промена, па не пријавиле. Сите ќе платат казна. Таа минимална (300 до 400 евра) и чисто е како опомена за да не им се случи наредниот пат, рече Ивановски во емисијата „Вин-вин“.

Слични содржини