Ивановска за Извештајот на ЕК: Дај боже да биде аларм, ама колку аларми поминаа, а државата ништо не презема

Ивановска потенцира дека официјален Брисел правилно си ги детектирал сите состојби во Македонија

од Nikola Popovski
19 прегледи

Нема изненадување околу Извештајот на Европската комисија, констатира поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска. Потенцира дека официјален Брисел правилно си ги детектирал сите состојби во државата.

-Дај боже да биде аларм, ама колку аларми поминаа, а ние останавме и државата ништо не презема. Се согласувам со оценката, ја отсликува состојбата во државата, прекрајно време е веќе. Многу се спори реакциите или речиси се никакви. Додека сами не се соочиме со фактите и реалноста и сами да си ја дадеме оценката и да фатиме како што треба, ништо не бива. Се дотогаш е префрли топка на другиот, вели Ивановска, меѓу другото, во изјава за „Локално“.

Секоја година е поалармантно со корупцијата и судството, но ништо не се презема: Извештајот на ЕК – „магарешка клупа за Владата“