Ивановска за пишувањата во „Ла Верита“: Ова е комплексно прашање, ќе ги прибереме сите информации

од Nikola Popovski
359 прегледи

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска изјави дека ќе видат дали ќе постапат по пишувањата во италијанска „Ла Верита“ што се однесуваат за набавка на вакцините од кинескиот производител Синофарм.

„Ние се договоривме да ги прибереме сите информации, кои што беа поврзано со веста, но ќе видиме дали постојат доволно елементи за да отвориме предмет, кој што би бил во надлежност на нашата комисија. Мое лично мислење е дека ова е комплексно прашање и дека тука има простор за дејствување на повеќе инстируции. Не треба да се чека само нашето постапување. За грешките ако се настанати и за евентуалната одговорност, има простор и кај други институции“, вели Ивановска.

Италијанскиот весник „Ла Верита“ објави две списи од министерот за здравство за набавка на кинески вакцини, за кои се вели дека биле посредувани од кинеска фантомска компанија за време на постапката за купување. Од италијанскиот весник тврдат дека содржината на второто писмо во кое компанијата Синофарм, но и државата Кина нема да одговора за евентуалните последици од користењето на вакцината, е проблематична. Според италијанскиот весник, ова е во спротивност со многу меѓународни конвенции и претставува кршење на заштитата на здравјето на граѓаните. Но, министерот за здравство ги негираше обвинувањата.

Слични содржини